Loading...
Куќа вчера попладне била опожарена во селото Челопек во општина Старо Нагоричане, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Акцијата за гаснење на пламените јазици започнала околу 18:30 часот при што учествувале две возила и шестмина пожарникари на ТППЕ Старо Нагоричане, а подоцна им се приклучила и екипа од двајца пожарникари од Куманово.
Огнот бил зигаснат околу полноќ, а како што потенцираат од РЦУК, во пожарот нема повредени лица.
Причина за избувнување на пожарот, како и висината на материјалната штета допрва ќе се утврдуваат.
Никола Ивановски
ПРОЧИТАЈТЕ И: Пожарникарите ќе имаат пункт кај Спомен Костурница, полицијата да ангажира позорникари