Куќа и плевна изгореа во пожар во селото Малотино

Сподели со своите пријатели

Куќа и плевна изгореле во пожар во селото Малотино, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Како што потенцираат оттаму, пожарникарите на Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане интервенцијата ја започнале вчера околу 16:50 часот.

Со две возила и пет пожарникари огнените јазици успеле да ги изгаснат дури утринава околу 7 часот.

Куќата и плевната целосно изгореле, а причините за избувнување на пожарот не се познати. Причинета е материјална штета која допрва ќе се утврдува.

Останува непознато и дали куќата била напуштена или во неа некој живеел.

Никола Ивановски