КУД „Панче Пешев“ со богата летна програма

Сподели со своите пријатели

Културно-уметничкото друштво „Панче Пешев“ и оваа година својата богата  програмска активност ја започнува со настап на Меѓународен фолклорен фестивал во Косовска Митровица. Фестивалот ќе се одржи од 22-ри до 25-ти јуни. КУД Панче Пешев веќе неколку години по ред гостува на истиот и го претставува македонксиот фолклор и традиција.

На крајот на месецот ќе биде организирана Меѓународна sмотра на фолклорни ансамбли. Смотрата ќе се одржи на 29. јуни на градскиот плоштад во Куманово во соработка со градоначалникот и Советот на општината. На 30-ти Јуни ќе се одржи настап во Општина Старо Нагоричане, а под покровителство на тамошната локална самоуправа.

На смотрата ќе учествуваат 10 ансамбли од Македонија и соседните земји.

Активностите на КУД „Панче Пешев“ продолжуваат со посета на Македонската Црковна заедница „Кирил и Методиј“ во Париз и гостување на Меѓународен фолклорен фестивал во градот Аленсон во Франција. Ова е веќе трет пат да бидат гости на Македонската заедница во Париз. Гостувањето започнува на почетокот на месец јули, изјави Мирослав Крстевски, претседател на друштвото.

Гостивањата не застануваат тука. На крај на месец јули следува настап на Меѓународниот фестивал „Илинденски денови„ во Битола.  На фестивалот КУД „Панче Пешев“ ќе настапи со изведба на обичај од кумановскиот крај „Китење на младожењу“ проткаен со игрите „Изораја дедо“ ,„Старско„, „Жеглиговка“, „На два танца“ како  и песни од кумановскиот крај карактеристични за тој обичај.

Leave a Reply