Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел синоќа предводеше големи демонстрации во Хавана за поддршка на Палестинците, за време на кои САД беа критикувани дека го поддржуваат Израел.
Заедно со неговата сопруга Лис Куеста и кубанскиот премиер Мануел Мареро, претседателот водеше демонстрации што беа покренати на повик на комунистичката младина и се одржаа на Малекон, крајбрежната авенија во Хавана каде што се наоѓа американската амбасада.
„Она што го бараат младите Кубанци со овој марш е пожарот во Палестина да престане“, изјави еден студент за Франс прес и оцени дека „геноцид се случува“ во Газа.
Скоро еден час демонстрантите вееја палестински знамиња и натписи „Слободна Палестина“, „Не за геноцидот, да живее Палестина“.
Според податоците на МВР, се собрале повеќе од 100.000 луѓе, меѓу кои студенти, средношколци, како и вработени во државни фирми.
На средбата присуствуваше и специјалниот претставник на Европската унија за човекови права Имон Гилмор.
Поминувајќи пред амбасадата на САД, чија влада силно го поддржува Израел, младите демонстранти извикуваа „Јенки, фашист и терорист“.
Тоа се најголемите демонстрации организирани на Куба од почетокот на војната во Газа на 7 октомври.