Крвава пресметка во хотел во Минесота. Тројца убиени

Сподели со своите пријатели

Полицијата во северниот дел на Минесота соопшти дека три лица се мртви, вклучувајќи го и осомничениот, по пукањето во понеделникот вечерта на паркингот на хотелот Супер 8.

Loading...

Полицијата добила пријава за пукање околу 18:30 часот по локално време, откако вработен во хотелот рекол дека пронашол ранет колега.

По пристигнувањето, полицајците пронашле 22-годишна жена со прострелна рана. Таа подоцна почина во болница.

Во текот на истрагата, полицијата соопшти дека пронашла мртов 35-годишен маж во автомобил на паркингот на хотелот.

После тоа е лоциран осомничениот, кој бил пронајден мртов надвор од хотелот, а се сомнева дека извршил самоубиство.

Засега не е познато зошто дошло до пукањето, а истрагата продолжува.