СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ш.Н.(47) од с. Липково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Loading...
Пријавениот на 23.04.2015 година, околу 16,30 часот во просториите на општина Куманово најпрвин вербално го навредувал, а потоа физички го нападнал удирајќи со тупаници во пределот на главата при што му нанел видливи повреди на Р.Ц.(33) од Куманово вработен како обезбедување.