СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.О. (50) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „измама“.
Во текот на месец септември 2015 година, пријавениот се сретнал со Д.Ц. од Куманово кого го довел во заблуда дека е надворешен соработник на Машински факултет во Скопје, и дека за сметка на факултетот работи на терен на прибирање податоци од возила за вршење атест, односно тој ги прибирал податоците и им ги доставувал потврдите откако ќе била завршена целата работа.
По ова, пријавениот го фотографирал товарното возило на оштетениот марка „Ивеко“ и ги запишал податоците од сообраќајната дозвола, по што изготвил фалсификувана потврда за наводно извршен атест на товарно возило и по четири дена во плико заверено со печат и штембил од Машински факултет – Скопје му ја доставил на оштетениот кој за истото му платил 18.000 денари, по што фалсификуваната потврда заедно со другата документација ја поднел во СВР Куманово.