Кривична против четворица кумановци за напад врз малолетници

Сподели со своите пријатели

Четири лица од Куманово, од кои две малолетни, добија кривична пријава под сомнение дека сториле физички напад врз други двајца малолетници.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(25), Б.Д.(27) и двајца малолетници, сите од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, на 04.01.2025 на бензинска пумпа во Куманово, пријавените физички нападнале двајца други малолетници од Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СВР Куманово приведе две лица, возеле со 1,57 и 1,68 промили во крвта