КРФ: Баба скокнала во бунар длабок 8 метри за да ја спаси внуката

Сподели со своите пријатели

Баба (67) скокнала во бунар длабок осум метри на островот Крф за да ја спаси својата четиригодишна внука која паднала во него.

Loading...

Како што јави Екатеимерини, и бабата и внуката се добро и не се повредени.

Бабата забележала дека нејзината внука паднала во бунарот и веднаш скокнала и се втурнала во два метри длабоката вода на дното за да ја спаси.

Брзата помош со помош на специјални алатки ги извлекла бабата и внуката и за секој случај ги префрлила во болница.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година.