Кревањето тегови може и да е корисно за мускулите, но според научниците од универзитетот во Мисури тоа делува поволно и на коските.
Според истражувачите некои вежби за кревање тегови и скокови ја подобруваат густината на коските, ако се спроведуваат во текот на најмалку шест месеци, соопштува интернет изданието details.com.
Нивното истражување е спроведено меѓу 38 средовечни мажи кои во текот на една година требале да поминат обуки за кревање тегови или за скокови. Програмата има услов за учесниците да прават вежби од 60 до 120 минути неделно, како и да прифатат додатоци со калциум и витамин D.
Користејќи специјален рентген, научниците ја измериле коскената густина на целото тело, а фокусот им бил врз цврстината на бедрената коска и лумбалниот ‘рбет.
По шест месеци коскената густина на целото тело и особено на лумбалниот ‘рбет, значително се зголемила и се задржала таква до крајот на годината.
Кај мажите, кои требало да ја исполнат програмата за кревање тегови се набљудува и подобрување на состојбата на бедрената коска – нешто што го нема кај мажите во програма со скокови.
Според истражувањето не сите вежби со тегови помагаат за подобри коски. Според проф. Пем Хинтон, која е дел од тимот што ја спровел студијата, најкорисни се вежбите кои ги вклучуваат колковите и ‘рбетот како сквотови, дигање и кревање на теговите.