Кратовчанец и 18 – годишно момче во Струмица се удавија во два одделни случаи

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во два одвоени случаи вчера се удавија две лица.

Loading...

Едното од нив во водите на Охридското езеро, а осумнаесет годишното момче заминало на пливање со своите другари во Струмица и се удавило.

Во првиот случај, вчера околу 20 часот вво близина на комплексот „Парк“ е пронајдено беживотното тело на четириесет и шест годишниот Гоце И. од с. Живалево, Кратово во водите на Охридското езеро.

Имено истиот за исчезнат бил пријавен околу 18 часот по што била започната активна потрага по него. Неговото беживотно тело го пронашле спасителите ан вода од Црвениот крст на оддалеченост од околу 20 метри од брегот на езерото два часа подоцна.

По извршениот увид на местото на настанот од странана јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Охрид констатирано е дека се работи за лицето Гоце И.(46) од с. Живалево-кратовско. На безживотното тело не се забележани траги на насилство а медицинска екипа констатирала смрт од срцев удар.

Ова е првата лице кое оваа летна сезона го загубит животот во водите на Охридското езеро, каде секоја година има по некоја жртва.

Во вториот случај вчера околу 16 часот на м.в. „Пиперевско поле“ во атарот на с.Доброшинци-струмичко долж реката Турија, Димитар В.(18) заедно со уште три лица отишле да се бањаат во таканареченото место „Барата“ и по некое време истиот потонал во водата.

Веднаш по пријавувањето на настанот на лице место излегле Ј.О. екипи на СВР-Струмица и од ТППЕ Струмица, кои извршиле пребарување низ водената површина и околу 21,50 часот го пронашле и извадиле на површина телото на Димитар а од страна на лекар констатирано е смрт.

Loading...