Краљевски се враќа на кормилото на ЖРК Куманово

Сподели со своите пријатели

Ненад Краљевски повторно ќе биде тренер на Женскиот ракометен клуб Куманово, откако селекторот на репрезентацијата, Симе Симевски завчера си поднесе оставка од тренерската функција.

Loading...

Краљевски го предводеше Куманово минатата сезона, кога клубот го освои Супер купот на Македонија.

Станува збор за искусен тренер кој од 2004 до 2008 година го има предводено тимот на Црвена Ѕвезда, со кој ја освојува Лигата на шампионите на ЕХФ.

Има работено во Мојковац, Прибој, Железничар, Слога, Јуниор, тренер бил и на кадетските репрезентации на Србија, Црна Гора, а ја предводел и сениорската на Шри Ланка.

Сопственик е на РК Јуниор и Хандбал Стар Академија каде организира 6 меѓународни кампови.

Од 2016година се стекнува со највисoка тренерска лиценца „Мастер коуч“.

– Се надеваме на големи успеси во иднина и остварување на целата на клубот ова година со помош на Ненад, велат од ЖРК Куманово.

Инаку тренерот ќе треба да ги исполни очекувањата на Управата на клубот и оваа година девојките да ги одведе до двојна круна, односно повторно освојување на Супер купот и освојување на женската лига.

Loading...

ЖРК Куманово моментално е незапирлив со 13 победи по исто толку одиграни натпревари.

Никола Ивановски

Leave a Reply