Ковачевски: Влогот во Буџетот за одбрана за 2023 е влог во мирот

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска на заедничка прес-конференција со министерката за одбрана Славјанка Петровска, го презентираа предлог Буџетот за 2023 година. Премиерот Ковачевски посочи дека со предложениот буџет за одбрана се зајакнува и модернизира Армијата и се вложува во безбедноста и сигурноста на граѓаните.

Loading...

Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот Ковачевски:

„Денеска сме тука во духот на отчетноста, заедно со министерката Петровска да го претставиме буџетот кој Владата го предвиде за одбрана за претстојната година.

За 2023 предвидовме буџет кој ќе придонесе за развој и модернизирање на одбраната согласно стандардите на земја членка на НАТО. Развојот во одбраната ќе придонесе за посовремена безбедност во однос на заканите кои ни ги носат геостратешките предизвици, а за кои имаме обврска да ги заштитиме нашите граѓани. Третина повисок буџет во одбраната значи влог во мирот и стабилноста на луѓето, а тоа е непроценливо.

Одбраната, која од февруари годинава не потсетува зошто е важно да ја модернизираме и јакнеме, и уште поважно – а тоа е дека остварувањето на нашата стратешка цел – НАТО е најдржавничката одлука што сме ја донеле во поновата историја на земјава.

Во февруари во Украина започна војна каква што сите мислевме дека после втората светска војна никогаш повеќе нема да се случува на европско тло. Но бруталната агресија која Русија неоправдано ја спроведува врз суверена Украина и флагрантното кршење на нејзиниот територијален интегритет, ни покажа дека мирот каков што го знаевме во Европа, не е гарантирана опција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Гласовите на граѓаните му даваат сила и легитимитет на Претседателот на државата да и каже НЕ на извршната и на законодавната власт

Затоа никогаш не било поважно тоа што ние сме НАТО, и што придонесуваме во колективната одбрана на нас и на уште 29 други членки како што исто така тие ја гарантираат нашата безбедност. Затоа е важно што нашата воена интеграција во НАТО ја направивме многу побрзо од другите членки. И секако, затоа е важно што од нашиот буџет двоиме средства со кои ќе ја модернизираме и засилиме нашата Армија, но и одбраната во целост.

Нашата посветеност во рамки на Алијансата е многу видлива низ изминатава година преку сите преземени активности. Таа посветеност планираме да ја одржиме и годинава, а тоа е рефлектирано и преку буџетот за 2023 година.

Loading...

Изминатава година Армијата покажа спремност да се носи со нашите сојузници и за тоа доби највисоки оценки, а нам ни помогна да сме сигурни во подготвеноста за заедничко делување во справувањето со современите безбедносни закани. Таа посветеност на нашата војска е поздравена и наградена.

Кога само ќе се сетам во каква состојба ја најдовме Армијата во 2017, скинати униформи и чизми, дотраена опрема и незгрижени армиски припадници. Меѓународно изолирана и ранлива по многу основи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Анализа: Има ли деца да ги пополнат училишните клупи?

Сето тоа е минато, со напорна работа и со многу труд посветен од страна на Министерството, го вративме пред се достоинството на Армијата, а одбраната ја издигнавме на ниво заслужно на една земја членка на НАТО Алијансата. И тоа ќе продолжиме да го правиме.

Тоа е придобивката од сојузништвото во НАТО, обезбедување на сигурноста дома преку јакнење на Армијата. Како што сме обединети во воената одбрана, обединети сме и во дипломатијата и политиката со земјите членки на НАТО. Единството на Алијансата е најсилната карактеристика на НАТО. Тоа што сите сојузници сме здружени во своите ставови, во своите одлуки, не прави посилни.

Во однос на буџетот, има неколку важни карактеристики кои е важно да се знаат оваа година која изминува. Уште на 1-ви јануари влеговме во календарска година со економска криза која само се продлабочи на глобално ниво. На тоа продлабочување не останавме ниту ние имуни, и моравме да го реорганизираме буџетот на начин на кој ќе ја приоретизираме енергетиката и ќе обезбедиме топла зима за граѓаните особено за оние од најранливите категории.

Поради ова, во 2023 не го зголемивме буџетот до ниво од 1,97%, но тоа не значи дека износот кој го издвоивме годинава не е повисок од тој од минатата година. Буџетот за одбраната за 2023 година изнесува 274,6 милиони евра што е речиси за третина повеќе од 2022 година. И воедно, многу е важно да напоменам дека ваквото покачување значи дека ќе ја оствариме и зацртаната цел, а тоа е буџет за одбрана да биде 2% од БДП во 2024 година, според стандардите на НАТО.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Анализа: Има ли деца да ги пополнат училишните клупи?

Уште една важна карактеристика на овој буџет е грижата за вработените во Армијата. Важна ни е стабилноста на професионалните војници, па затоа ги зголемивме нивните примања. Стабилни и повисоки примања придонесуваат за задоволни војници, а воедно и ја прават службата поатрактивна за помладата генерација којашто доаѓа.

Ова го правиме затоа што сме Влада којашто се грижи за луѓето, за оние кои се столбот на државниот систем и од кои зависи безбедноста на секој еден од нас.

Loading...

Енергетската криза не мотивираше уште попосветено да се грижиме за заштедите на енергија и потрошувачка на долг рок. Затоа вложуваме над 16 милиони евра во енергетски ефикасни објекти на Министерството, Армијата и во касарните.

Ваквите проекти имаат продолжен ефект заради постојаната заштеда на средства за енергенси кои ќе се пренасочат кон други потреби на армиските припадници, а ќе обезбедат и објекти во кои тие поефикасно ќе функционираат. Со овие стратешки инвестирања ги подобруваме условите за работа на Армијата која е столбот за сигурноста, безбедноста и мирот за нашите граѓани“.