Ковачевски: Владата функционира и се справува со кризата, опозицијата блокира и е во ќорсокак

Сподели со своите пријатели

Премиерот Димитар Ковачевски, на денешната прес-конференција во Влада, истакна дека не е во ќорсокак ниту државата, ниту граѓаните, ниту Владата, единствен кој што е во ќорсокак е опозицијата, затоа што Владата има многу јасен план за справување со енергетската криза.

Loading...

„Вие знаете дека на почетокот на оваа енергетска криза прво му дадовме задача на ЕСМ да го зголеми производството за 20% од минатата година, ЕСМ тоа и го оствари и производството на ЕСМ е зголемено за 25% и не само толку, туку за неколку проценти над тоа и доколку ги погледнете бројките кои редовно се објавуваат на сајтот и на ЕСМ, се објавуваат и кај мене на мојата страна, се објавуваат и преку соопштенија и на Владата и на ЕСМ, тогаш забележувате дека на регулираниот пазар, на сите мали потрошувачи и на сите домаќинства се задоволени потребите за електрична енергија 100 процентно од ЕСМ. Притоа иако заради тоа што ЕСМ работи со многу стара технологија, со РЕК Битола, Осломеј, ТЕЦ Неготино кои што навистина се од времето на Југославија во случај на испад на некој од тие капацитети, на некој од блоковите или на некој од централите, треба да се направи и увоз на електрична енергија заради исполнувањето на планот на производство. До сега во текот на изминатите неколку месеци увоз на електрична енергија за регулираниот пазар немаше. Тоа значи дека она што Владата го постави како план, тоа и го остварува“, рече премиерот Ковачевски и додаде дека досега ние немавме ниту еден ден без електрична енергија во државата, иако во регионот имаше држави кои што имаа по 6 часа рестрикции во текот на денот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски: Ќе бидеме дел од новата Владата, поддршката од граѓаните сериозно ја чувствуваме

Во делот на топлинската енергија, подвлече премиерот Ковачевски, исто како и минатата грејна сезона со оглед на тоа дека опозицијата на државно ниво, а која што е власт на локално ниво и во градот Скопје одби да управува со затоплувањето на граѓаните на град Скопје, истото тоа го направи Владата.

„Како што кажавме дека ќе бидеме први во регионот кои што ќе ја започнат грејната сезона, тоа и го направивме. Гледате дека радијаторите во градот Скопје се топли со цена на топлинска енергија која што исто така е субвенционирана од страна на државата. Што се однесува до кредитот од 100 милиони евра, тој кредит е обезбеден по најдобри можни услови кои што можат да се најдат во моментов на финансиските пазари. За нас врз основа на одличната соработка која што ја имаме и со Европската банка, меѓутоа и со другите банки беше обезбеден кредит само со ниво на ЛИБОР каматна стапка и тој кредит беше блокиран во Собранието од страна на опозицијата. Јас информирав и на лидерската средба и неколку дена пред тоа и на седница на Влада, министерот за финансии информираше дека заради неодговорното однесување на опозицијата тие финансиски средства бидејќи стоеја на сметката на банката, веќе ги имаат пренаменето за други намени со што на нашата земја и се ускрати од страна на опозицијата да користи исклучително поволни финансиски средства“, рече Ковачевски и додаде дека причината која што ја наведува опозицијата апсолутно е бидејќи наведуваат дека согласно со националната стратегија за енергетика која што е важечка треба сукцесивно да се затвораат капацитети за производство на електрична енергија од лигнит и јаглен какви што национални стратегии за енергетика имаат сите европски држави.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: ЗНАМ ќе ја врати правдата во Македонија (ФОТО)

Премиерот Ковачевски рече дека тоа е дел од зелениот договор и од стратегијата на ЕУ, но тие национални стратегии се правени во време кога немаше војна во Украина и кога немаше енергетска и економска криза.

„Затоа со писмо од министерот за економија кое што исто така е наведено и во документите кои се доставени во Собранието е јасно наведено дека и РЕК Битола и Осломеј и ТЕЦ Неготино ќе бидат дел од ревидирана Национална стратегија која што Владата веднаш ќе почне да ја подготвува заедно со експерти. Во истата како и во сите други држави во Европа работниот век и користењето на овие капацитети ќе биде продолжен“, рече Ковачевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски: Нема менување историја, виткање кичма и обезличување на македонскиот народ