Со двата натпревара кои се играат вечер, стартува кошаркарскиот плеј оф во Македонија, односно борбата за шампионската титула.
Првакот МЗТ Скопје Аеродром во првиот натпревар од полуфиналето е домаќин на Фени Индустри.
Во второто полуфинале играат Работнички и Куманово. На четирите натпревари досега одиграни сезонава, двата тима имаат по две победи и најверојатно и во полуфиналната серија нијанси ќе решаваат за победниците на натпреварите.
Натпреварот МЗТ Скопје – Фени Индустри се игра во СЦ „Јане Сандански“, а дуелот Работнички – Куманово се игра во салата „Градски парк“.
Почетокот на двата натпревара е во 19 часот. Полуфиналето се игра до две победи.
Преносот на натпреварот КК Работнички – КК Куманово ќе биде пренесуван на МРТВ.