Кошаркарките на Куманово вечерва на гостински терен го совладаа составот на Пониква со 28 поени разлика, односно резултат 34:62.
Со оваа победа Женскиот кошаркарски клуб Куманово се реваншираше за поразот кој го претрпе на домашен терен од овој клуб во првиот дел од сезоната.
Кумановки имаа одлична игра, а за тоа зборува и фактот дека го совладаа противникот со 28 поени разлика среде Кочани.
Ова е втора победа во низа откако ЖКК Куманово претходно го симна Шкупи од лидерската позиција во табелата. Воедно ова е прва победа на тимот на гостински терен.
Клубот постои од 2020 година, а од неодамна има и нов претседател. Во изминатиот период доби и финансиска подршка од општината и се засили на полусезоната, иако и натаму скоро целиот состав е од млади спортистки од Куманово.
Никола Ивановски