Кошаркарките на Куманово со трета победа во низа (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарките на Куманово впишаа трета победа во низа во Првата женска кошаркарска лига, а овој пат на домашен терен „падна“ екипата на Пелистер од Битола.

 

 

Кумановки одлично го отворија натпреварот и одржуваа водство во текот на целото прво полувреме кое заврши со висока двоцифрена предност и резултат 42:18.

 

 

И во вториот дел од средбата кумановки го задржаа добриот ритам на игра и за конечен резултат од 68:41.

 

 

Ова е трета победа во низа за избраничките на тренерот Мартин Антевски кои првин го симнаа Шкупи од лидерската позиција во табелата, потоа на гостински терен го совладаа составот на Пониква и денеска убедливо трумфираа и против Пелистер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски најави нова детска градинка во населбата Зелен Рид со капацитет за над 400 деца

 

 

Во составот на Куманово со 21 поен најефикасна беше Стефанија Костадинова, 14 поени впиша Теа Алексовска, а двоцифрен број поени, или десет имаше и Александра Петрушевска.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски