Кошаркарите на Куманово ја забележаа првата победа во Суперлигата од домашниот шампионат, откако на домашен терен викендов го совладаа составот на Кожув од Гевгелија со резултат 87:74.
Гостинскиот состав убедливо го стартуваше натпреварот, па за само 10 минути на паркетот направија водство со резултат 23:13 кое во втората четвртина кумановци успешно ја намалија и на полувреме се замина со 40:36, односно водство за домаќинот.
Во третата четвртина Куманово брилираше па со десет поени го надигра својот противник, за да во конечните десет минути игра влезат со резултат 60:53.
Кожув се мачеше во последната четвртина да ја достигне разликата на Куманово, но избраниците на тренерот Александар Петровиќ беа доследни на својата игра и ја запишаа првата победа по девет одиграни натпревари во овој дел од сезоната.
Со 23 поени во дресот на Куманово најдобар беше Бранислав Ѓекиќ, 20 запиша Адем Мекиќ, а 12 Игор Пенов.
Со по 11 поени најефикасни кај поразениот тим се Ивелја и Кесар.
Веќее извесно дека ниту Куманово ниту Кожув нема да бидат дел од трката за пехарот во шампионатот, бидејќи токму овие две екипи се на дното од табелата.