Корупциски скандал ја тресе Украина?

Сподели со своите пријатели

Од должност се разрешени Кирило Тимошенко, еден од клучните помошници на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Вјачеслав Шаповалов, заменик министер за одбрана, Алексеј Симоненко, заменик јавен обвинител и Васил Лозински, заменик министер за инфраструктура.

Loading...

Зеленски најави дека и други високи функционери ќе поднесат оставки од своите функции во владата во наредните денови.

Украинскиот лидер рече дека спроведува низа кадровски промени во владата, регионалните власти и безбедносните служби.

Во вторникот, на 24 јануари, беше објавено и дека Зеленски ги разрешил шефовите на пет регионални администрации, меѓу кои Олексеј Кулеба, шефот на регионот Киев и Валентин Резниченко, шефот на регионот Днепропетровск.

Заменик-министерот за одбрана на Украина Вјачеслав Шаповалов, кој беше задолжен за логистиката на вооружените сили на Украина, поднесе оставка по новинарска истрага во која беше наведено дека Министерството за одбрана купува храна за армијата по цени неколку пати повисоки од малопродажните.

Во саботата, украинското издание Zn.ua објави статија во која се наведува дека Министерството за одбрана може да купува производи за вооружените сили на Украина по претерано високи цени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина може да биде поразена до крајот на годината, предупреди ЦИА

Истиот извор наведува дека цените по кои се купувале производите за армијата понекогаш биле два до три пати повисоки од цените на мало.

Според Министерството за одбрана, „изнесените обвинувања се неосновани“, но Шаповалов сепак си заминува, „за да не претставува закана за стабилната поддршка на вооружените сили на Украина“.

Loading...

Васил Лозински, заменик-министерот за инфраструктура, во вторникот беше разрешен и приведен од полицијата откако беше обвинет за примање поткуп од 360.000 евра.

Тој ги негираше обвинувањата.

Украина има долга историја на корупција

Во извештајот на Транспаренси интернешнал за 2021 година, Украина беше рангирана на 122 место меѓу 180 земји во однос на корупцијата.

Генералното обвинителство во соопштение наведе дека Симоненко е разрешен по своја волја.

Кирило Тимошенко е вмешан во скандали поврзани со користење на скапи автомобили, иако тој негира дека сторил нешто лошо.

Тој беше заменик-шеф на кабинетот на претседателот и му се заблагодари на Зеленски за „можноста да прави добри дела секој ден и секоја минута“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Словачка започна кампања за собирање пари за купување оружје за Украина

Локалните медиуми објавија дека заминувањето на Тимошенко, која беше задолжен за регионалната политика и претходно работеше во изборната кампања на Зеленски, може да биде дел од промените на претседателот.

Но, реструктуирањето доаѓа во време на сузбивање на корупцијата во Украина, едно од клучните барања на ЕУ доколку земјата сака да напредува на својот пат кон пристапување во блокот.

Loading...

Властите им забранија на сите владини службеници да ја напуштат Украина, освен за овластени службени патувања.

Во своето последно обраќање, Зеленски им забрани на сите државни службеници – од локални заменици до службеници за безбедност – да го поминат својот одмор во странство.

„Функционерите повеќе нема да можат да патуваат во странство на одмор или за какви било други недржавни цели“, рече Зеленски.

Тој додаде дека веќе има „кадровски решенија во врска со раководителите на различни нивоа во министерствата и другите структури на централната власт и во регионите и во системот за спроведување на законот“.

Случајот Арестович и Днипро

Пред седум дена, советникот на украинскиот претседател Алексеј Арестович понуди оставка откако изјави дека украинските сили за воздушна одбрана собориле руски проектил кој погодил зграда во Днепар, при што загинале 45 лица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина: За прв пат соборивме руски стратешки бомбардер Ту-22М3

Арестович се извини и рече дека направил „фундаментална грешка“ и им понуди извинување на сите во Днипро, особено на семејствата чии членови загинаа во нападот.

Неговата првична изјава предизвика голем гнев во земјата, а руските власти ја искористија за да ја обвинат Украина.

Тој е добро познат низ Украина по неговите дневни ажурирања на YouTube, кои ги гледаат милиони.

Loading...

По неговата изјава, украинската воена команда соопшти дека зградата била погодена од руска ракета Кх-22, која не можеле да ја соборат.

Многу Украинци реагираа луто на коментарот на Арестович, а некои го обвинија дека ја зајакнува позицијата на руските пропагандисти.

Некои украински парламентарци потпишаа петиција со која се бара смена на Арестович од функцијата владин функционер.

Зеленски сѐ уште не се произнесе за понудената оставка.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.