Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“ денеска на две локации во градот организираше изложба на производи изработени од корисниците на дневниот центар.
Имаме изработено букетчиња по повод празникот на љубовта, теглички, ненесери и други производи изработени од платно, плетени, еко кожа и тоа е изработено од лицата со интелектуална попреченост – вели волонтерот од Порака наша.
Лицата кои денеска ќе купат производи ќе остават прилог за помош на функционирањето на центарот, а за возврат од корисниците симболично на подарок ќе добијат колачиња кои самите ги подготвиле.
Loading...
[huge_it_gallery id=”300″]
Презентацијата на производи се одржува во просториите на филијалата на Комерцијална банка и маркетот „Туш“.