Контроверзен турски водач на култ доби рекордни 8658 години затвор

Сподели со своите пријатели

Судот во Истанбул му изрече една од најдолгите затворски казни во светот на Аднан Октар, турски телевизиски евангелист кој водел култ вклучен во долга листа на злосторства, пишува Дејли Сабах.

Loading...

На минатото рочиште, во повторениот судски процес во средата, Октар и уште 14 обвинети беа осудени на по 8.658 години затвор.

Иако сегашните казни не ги надминаа затворските казни кои судот ги изрече на претходните рочишта, кои беа 9803 години и шест месеци, сепак тие се едни од најдолгите во земјата и во светот.

Првата пресуда во судскиот процес против Октар и неговите следбеници беше објавена во јануари 2021 година.

Апелациониот суд ја укина пресудата наведувајќи ги правните недостатоци и нареди повторно судење.

Пресудата на Апелациониот суд го отвори патот за 68 обвинети кои поради времето поминато во притвор до судењето и други фактори ќе излезат на слобода, додека на Октар и неговите блиски соработници судот им изрече продолжен притвор.

Обвинителите поднесоа жалба на ослободителната пресуда, а 61 обвинет кој беше ослободен повторно беше притворен кога судот ја прифати жалбата. Од нив 50 беа уапсени, а повторното судење траеше од почетокот на 2022 година.

Во средата, судиите го дадоа последниот збор за судбината на 215 обвинети, вклучително и 72 во притвор, со што се урнаа надежите на Октар, кој беше уверен дека ќе биде ослободен, според неговите изјави на претходните рочишта.

Loading...

Овој пат Октар беше осуден на 891 година затвор за водење криминална организација, сексуална злоупотреба, негирање на правото на образование, тортура, киднапирање и незаконско чување на лични податоци.

Октар е осуден на вкупно 8.658 години, при што судот објасни дека како водач на култот треба да биде осуден и за злосторствата што ги направиле неговите следбеници.

Обвинението против Октар и другите, поднесено пред судот во септември, ги обвинува за водење на вооружена организација, искористување на верските чувства.

Тие беа обвинети за собирање разузнавачки информации и клеветење на членовите на култот кои сакале да прекинат какви било врски со нив

Октар е обвинет и за систематско сексуално злоставување на членовите на култот и собирање приватни информации за познати имиња, од политичари до новинари.