Дваесетгодишниот Константин Круниславски прв стигна до светиот крст во базенот на „Асториа бар“ во Куманово.
Loading...
Петта година по ред учествува на пливања по светиот крст, а по втор пат беше најсреќниот меѓу верниците.
– Ова ми е втор пат како го фаќам крстот, прв пат беше во црквата „Света Троица“ и еве денеска повторно. Се надевам на среќа, здравје и успех, како за мене и моите најблиски така и за сите православни верници, изјави Круниславски.
Никола Ивановски