Под покровителство на Министерството за култура и Општина Куманово, во понеделник /15 јуни/ во Театар Куманово ќе се одржи концерт на класична музика, во организација на Здружението за култура и уметност ”Проарт” од Куманово.
Loading...
На концертот ќе настапат млади музичари, а според програмата ќе бидат изведени дела од Л.В. Бетовен, Јан Ван Хал, Шопен, Т.Харапи. Т.В Глук и Прокофиев, во пијано придружба на професор Магдица Димитриевска.
Концертот ќе започне во 20 часот.