Времето денеска ќе биде претежно сончево со умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија.
Но, кон крајот на денот подрачјето на државата ќе подпадне под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот. Во вечерните и ноќните часови ќе има нестабилна облачност со поројни врнежи од дожд грмежи и засилен ветер.
Локално се очекува процесите да бидат поинтензивни со обилен пороен дожд, при што се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог.
Во Куманово не очекува претежно сончево, до умерено облачно време преку ден, а во попладневните и вечерните часови се очекува дестабилизација која ќе донесе врнежи од дожд проследени со засилен југоисточен ветер и грмотевици. Температурата ќе се движи од минимални 14, до максимални 25 степени целзиусови.
Националната хидрометеоролошка служба издаде две жолти предупредувања за периодот од четврток петок и тоа за обилни врнежи од дожд и за невреме со грмотевици.
Во петок во Република Македонија не очекува променливо и нестабилно облачно време, со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер кои локално се очекува да бидат обилни и проследени со град, особено во југоисточните делови.
Што се однесува до Куманово во петок може да очекуваме повторно поројни дождови и грмежи, но и благ пад на дневната и утринската температура. Така, минималната температура ќе изнесува 11, додека максималната дневна ќе достигне до 22 степени целзиусови.
Во деновите од викендот ќе имаме ниски температури, но нема да има услови за дожд. Слино ќе биде и наредната недела кога не очекува благо намалување на температурите, каде веќе во среда минималната ќе има едноцифрена вредност.