Ѕвездите од филмовите за возрасни зборуваа за тоа колку се платени во индустријата.
По*но индустријата сè уште предизвикува поделби, а многу актери зборуваат за своите искуства.
Некои ја пофалија индустријата, додека други укажаа на недостатоците на таквата работа.
Стивен Хирш, потпретседател на компанијата за забава за возрасни Vivid Entertainment, изјави за „CNBC“ дека девојките заработуваат повеќе пари кога првпат ќе влезат во индустријата затоа што се нови.
Сепак, нивниот понатамошен приход зависи од тоа колку ќе станат популарни.
Според „CNBC“, просечната актерка во индустријата е платена помеѓу 800 и 1.000 долари за „традиционална се*с сцена од маж и жена“.
Оние кои не се популарни можат да бидат платени помалку, околу 300 долари, додека попопуларните актери можат да наплатат 1.500 или дури 2.000 долари по сцена.
Ако некој актер/актерка се вклучи во поекстремни сцени на екранот, тие добиваат помеѓу 1.800 и 2.500 долари.
Дерек Хеј, основач на агенцијата за таленти LA Direct Models, рече дека видел како на актери им нудат меѓу 2.000 и 6.000 долари за сцена, ако тоа е нешто што никогаш претходно не го направиле.
Хонорарите варираат кај мажите
Разликата во платите може да биде поголема кога се во прашање мажите.
„CNBC“ известува дека мажите обично добиваат 500-600 долари по сцена или дури и дневно. Ако се малку попознати, би можеле да заработат 700-900 долари.
Порно актерката Валентина Напи за „VICE“ изјави дека заработила 1.140 долари за „редовна хетеросексуална сцена“ кога првпат се преселила во САД, бидејќи дотогаш веќе била доста позната.
Но, по*но актерот Лука Фереро рече дека во Европа мажите заработуваат во просек по 533 долари по сцена.
– Мислам дека порно актерите не заработуваат толку пари колку што мисли јавноста. Мислам дека никој, па ни најголемите ѕвезди, не заработува повеќе од половина милион годишно. Но, ако некои од врвните ѕвезди заработуваат од 300.000 до 400.000 долари годишно, според перцепцијата на повеќето луѓе, тоа сепак би било многу пари – заклучил Дерек Хеј.