Децата од осум до 11 години кои дневно минуваат помалку од два часа пред екраните постигнуваат подобри резултати на тестовите за ментална способност, со услов да спијат од девет до 11 часа, покажува едно истражување.
Научниците кои работеле на оваа студија велат дека се потребни дополнителни анализи, поради подобро разбирање на влијанието на различни типови екрани.
Признаваат дека нивната студија ја набљудува само врската помеѓу времето поминато пред екранот и конгитивните способности, но не може да докаже причинска врска.
Студијата не се занимава со посебни типови на екрани, телевизиски или играње видео игри и користење социјални мрежи.
Истражувањето опфатило 4.500 американски деца, а резултатите од студијата се објавени во списанието „The Lancet Child & Adolescent Health journal“, врз основа на прашалник преку кој се проценувани физичките активности на детето, спиењето, начинот на поминување на слободното време и слично.
Децата исто така пишувале тест со кој се мереле нивните јазични способности, помнењето и вниманието.
Предвид биле земени и приходите на семејствата, образованието на родителите, етничката припадност, пубертетот, индексот на телесна маса и трауматичните повреди на мозокот.
Па така научниците дошле до заклучок дека детето кое секој ден минува покрај екранот во слободно време помалку од два часа, спие од девет до 11 часа дневно и физички е активно барем еден час, постигнало подобри резултати од децата кои не ги исполнувале тие услови.
Др. Џереми Волш од Институтот CHEO во Отава, Канада, рекол дека врз основа на добиените резултати од педијатри, родители и други експерти, треба да се ограничи времето кое децата го минуваат пред екранот и предност да се даде на спиењето во текот на детството и адолесценцијата.
Потребни се дополнителни истражувања за да се утврди врската помеѓу времето минато на екранот и конгитивните способности.
Постојат некои докази дека, на пример видео игрите и образовните телевизиски програми би можеле да имаат позитивни ефекти на когнитивниот развој на децата.
Наспроти тоа, се повеќе има докази дека користењето на мобилни телефони и социјални мрежи може да наштети на детското внимание, помнење и самоконтрола.
Авторите сепак признаваат дека студијата има ограничувања, па дека и тие и другите експерти очекуваат дека ќе потикнат други истражувања.