Колку сон ни е потребен за да не се чувствуваме уморно?

Сподели со своите пријатели

Сте легнале доволно рано, не сте се разбудиле во текот на ноќта, а наутро се чувствувате како некој да ве претепал во сонот?

Loading...

Експертите сега велат дека не е доволно само да легнете на време, туку и во вистинско време.

 

 

На интернет има калкулатор за спиење, кој, врз основа на медицински податоци за спиење, пресметува точно колку сон ви треба секоја вечер и кога треба да легнете.

Калкулаторот за спиење се базира на циклуси на сонот кои се клучни за добар ноќен одмор.

Едно лице има пет или шест циклуси во текот на ноќта, кои траат околу 90 минути. Затоа, ако ги следите циклусите, еве како треба да изгледа вашиот сон.

Loading...

Ако треба да станете во седум, треба да легнете во 21:45 часот, 23:15 часот, 12:45 часот или 14:15 часот, за да природно се наспиете.

 

 

„На просечна личност ѝ требаат околу 15 минути за да заспие. Добар сон се состои од пет до шест циклуси на спиење. Користејќи формула заснована на нашиот природен ритам на телото, нашиот калкулатор ќе го пресмета точното време кога треба да легнете”, велат креаторите на калкулаторот за спиење.

Овде можете да пресметате сами кога треба да легнете.