Членовите на здружението на граѓани „Коледари“ денеска во месноста наречена Забел во Старо Нагоричане во вистинска зимска идила, традиционално ги набраа бадниковите гранчиња.
Околу 40-тина „Коледари“ ги набраа бадниковите гранчиња кои беа осветени на лице место, а истите на Бадник ќе им бидат поделени на граѓаните на Општина Куманово.
Откако заврши целокупната активност сите заедно во просториите на манастирот „Забел“ со греена ракија, посна трпеза и музика го одбележаа доаѓањето на најголемиот христијан празник, Божиќ.
Здружението на 6-ти јануари традиционално пред платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово со зурли, тапани, традиционална македонска песна и оро ќе го одбележат Бадник. Тогаш ќе бидат поделени бадниковите гранчиња и ќе се запали бадниковиот оган.
Loading...
[huge_it_gallery id=”283″]