Коледари утре со прослава за Бадник во центарот на Куманово

Сподели со своите пријатели

Здружението на граѓани „Коледари“ утре во Куманово ја организира традиционалната прослава за Бадник.

Loading...

Со голем народен собир кој ќе започне во 12 часот кај „Тумба“ со зурли и тапани ќе биде одбележан големиот христијански празник.

На граѓаните ќе им бидат поделени осветени бадникови гранчиња кои пред две недели ги набраа членовите на здружението во атарот на селото Колитско.

Освен бадникови гранчиња, на верниците ќе им бидат поделени чај, овошје и традиционална греена ракија.

Никола Ивановски

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Кочо Рацин“ победник во Oпштинската училишна футсал лига