Кокошиње – село врз чии жители во 1904 бил извршен масакар

Сподели со своите пријатели

Кокошиње е село во кумановскиот крај со бурна историја, но соочено со лошите услови за живот е пред целосно празнење.

Loading...

Каде се наоѓа Кокошиње

Селото се наоѓа на 28 километри одалеченост од Куманово, а претходно била дел од некогашната Општина Орашац.

Станува збор за ридско село на надморска височина од 630 метри, а зафаќа површина од околу 14,8 километри квадратни.

Има околу 682 хектари обработливо земјоделско земјиште, 623 хектари пасишта и околу 106 хекатри шуми.

Село врз чии жители бил извршен масакар

Во 19 век, Кокошиње било село во Кумановската каза на Отоманското Царство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец натепал вработен во Отсекот за управни работи

Во август 1904 година чети на ТМОРО извршуваат масакр врз селаните од оваа село при што се убиени 53 селани.

Кон средината на септември истата година во Кокошиње влегол и Мише Развигоров со својата чета во Кокошиње и убил осуммина селани.

Масакрот во Кокошиње е всушност серија од неколку масакри, извршени од страна на чети на ТМОРО врз српското население во околината на Куманово и Кратово во периодот јули-септември 1904 година.

Loading...

Како се празнело селото?

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Кокошиње живееле 560 жители, сите Македонци.

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кокошиње имало 880 Македонци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец натепал вработен во Отсекот за управни работи

Во 1961 година имало 634 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 69 жители, македонско население.

Денес Кокошиње има само 12 жители

Кокошиње денес има само 12 жители, според пописот од 2021 година на Државниот завод за статистика.

Станува збор за седум мажи и петмина жени кои живеат во само три домаќинства, од вкупно 52 колку што има селото.

Интересен податок е што иако селото има само 12 жители, дури седум од нив се во категоријата деца и млади.

Пописот покажа дека селото има деца. Најмалото било момче на возраст до четири години, а има и момче и девојче на возраст меѓу 10 и 14 години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец натепал вработен во Отсекот за управни работи

Во возрасната група од 15 до 19 години попишувачите регистрирале едно девојче. Додека до 29 години има уште едно момче и девојче, како и жена во раните 30ти години од животот.

Loading...

Според етничката припадност сите 12 се Македонци.