Која е тајната на највкусните пуканки?

Сподели со своите пријатели

Пуканките спаѓаат во здрави житарки од цели зрна и многу луѓе сакаат да ги грицкаат додека гледаат филмови или спорт.

Тие содржат влакна и витамин Б, кои ви даваат енергија и чувство на ситост, така да може да имате корист и ако сакате да изгубите тежина.

Loading...

Но, важно е да ги подготвите правилно без адитиви, особено мастите како што се путерот или маслото, за да не се зголеми калориската вредност и да се намали хранливата вредност.

Тие се најздрави кога се печат на топол воздух, односно кога зрната ќе се загреат додека не попуштат и не се претворат во пуканки.

Многу домаќинки додаваат масло или путер за да го направат вкусот подобар, но тоа не е неопходно да се претвори пченката во пуканки.

За да подготвите пуканки без апарат, ќе ви треба тенџере со здрав капак и следниве состојки:

– околу една лажица пченка

– сол по желба

Подготовка:

– Загрејте ја тавата и додадете неколку капки вода кога ќе се загрее.

Loading...

– Вметнете ја пченката и поклопете.

– Нежно тресете го тенџерето на секои неколку секунди, а по две минути, зрната ќе почнат да пукаат.

Пуканките се готови по околу три секунди по пукањето. Извадете ги од тенџерето и посолете по желба.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *