Кој заработи најмногу пари во 2023 година? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

2023 година беше економски тешка за нас обичните смртници, но вкупно 2.568 милијардери во светот стана уште побогати.

Loading...

Ова е топ 5 листата на луѓе кои заработија најмногу пари во годината што измина.

Првото место му припадна на сопственикот на Тесла, Спејс екс и Твитер, Илон Маск. Тој станал побогат за 108,4 милијарди долари и останува најбогат човек во светот со акции и имот тешки вртоглави 254,9 милијарди.

Марк Закерберг е вториот. Лани заработил 74,8 милијарди долари и неговото вкупно богатство сега е 118,6 милијарди.

Со олус 65 милијарди долари заврши 2023 година за Џеф Безос, основачот на Амазон. Така тој е на третата позиција со 172,3 милијарди долари имот.

Четвртата позиција му припадна на Индонезиецот Прајого Пангесту кој лани заработил 47,9 милијарди долари. Тој има инвестиции во енергетскиот сектор.

Петиот на листата, Лари Пејџ, коосновачот на Гугл, сега тежи 111,7 милијарди долари, откако во 2023 година станал побогат за 34,4 милијарди.

 

Loading...
@kumanovskimuabeti.mk Овие луѓе заработија милијарди во 2023 година #kumanovskimuabeti #zanimljivo #zanimljivosti ♬ original sound – Кумановски Муабети