Кој може да работи во „Алибаба“, една од најмоќните компании во светот?

Сподели со своите пријатели

Џек Ма, основачот на технолошката компанија „Алибаба“ чие богатство се мери во милијарди, вели дека бизнис развојот подразбира ангажирање на вистински луѓе, кај кои е важен и коефициентот на емоции, а не само интелигенција.

Loading...

„Алибаба“ денес е гигант на интернет трговијата со над 80.000 вработени ширум светот и еден од најатрактивните работодавачи во Кина, а Ма наведува дека во почетокот и самиот грешел кога ангажирал врвни експерти кои не се вклопиле во компанијата.

Овие десет професии наскоро би можеле да исчезнат

Сега неговото прво правило при вработување е да избегнува „најдобри“ луже и „експерти“, пренесува CNBS.

– Мразам луѓе кои доаѓаат како експерти затоа што нема експерти за иднината, тие секогаш се експерти од вчера, рекол тој.

И, како што додал, нема „најдобри луѓе“.

– Најдобрите луѓе секогаш се во вашата компанија, вие ги обучувате да станат најдобри – нагласил Ма.

А тоа, како што објаснил, започнува со тоа што ангажирате луѓе кои се подготвени да влијаат и не се плашат да направат грешка.

Loading...

СЕ УКИНУВА ЗАБРАНАТА: Жените во Русија ќе можат да бидат камионџии, морнари…

Ма, кој е познат и по тоа што не вработува најдобри студенти, вели дека „елитата од колеџот“ бргу станува фрустрирана кога наиде на потешкотии во реалниот свет.

Сепак, кандидатите за работа во „Алибаба“ мора да бидат доволно интелигентни да за можат да се движат во работното опкружување кое постојано се менува, додава тој.

Кинескиот бизнисмен открива и дека сака да соработува со луѓе кои имаат добар коефициент на емоции (IQ), затоа што смета дека тие се подобри лидери и тимски играчи, но и додава дека без интелигенцијата (IQ) не можат далеку да стигнат.

ХИТ НА БАЛКАНОТ: Конкурсот за работа траел само една минута

– Треба да имает EQ за да работите со другите, а треба да имате и IQ за да знаете што работите, рекол Ма.

Тој вели и дека оптимизмот многу му помогнал во изградбата на „Алибаба“ каква што е денес.

– Како претприемач, ако не сте оптимист, вие сте во проблем. Така да јас бирам луѓе кои се оптимисти, заклучил кинескиот милијардер.

Loading...

Leave a Reply