СЕ УКИНУВА ЗАБРАНАТА: Жените во Русија ќе можат да бидат камионџии, морнари…

Сподели со своите пријатели

Руското Министерство за работа го ревидираше списокот професии кои биле забранети за жените, така што Русинките во иднина, меѓу другото ќе можат да бидат возачи на камиони, трамваи, а и морнари.

Loading...

Претходната листа содржела околу 400 забранети професии за жените кои подразбираат тешка работа или се поврзани со опасни услови за работа, додека сега ги има само стотина. Доколку, работодавачот обезбеди бебзедни услови за работа, можно е да се вработат и жени.

– Ја укинавме рестрикцијата за жени на следните професии: возач на тешко возило и земјоделски машини како камиони, трактори, освен возач на градежни машини како булдожери и слично, наведува тамошното министертство.

Жените, како што пренесува Тасс, ќе можат да бидат и капетани на брод, но и морнари, како и возачи на брзи возови.

Меѓу професиите кои остануваат забранети за жените се оние поврзани за хемиското производство, рударство, бушотини, обработка на метал, професии за заварување, производство на анфта и гас, индустрија на обоени и необоени метали, електронска и радиотехничка индустрија, производство и одржување авиони, односно бродови и други тешки професии.

Leave a Reply