Кој е украинскиот министер кој загина во хеликоптерската несреќа?

Сподели со своите пријатели

Осумнаесет лица, меѓу кои и министерот за внатрешни работи на Украина, други високи претставници на министерството и три деца, загинаа во средата наутро во хеликоптерска несреќа во близина на детска градинка во градот Бровари, во близина на Киев, соопштија украинските власти.

Loading...

Министерот за внатрешни работи Денис Монастирски е највисокиот украински функционер кој загинал од почетокот на војната.

Официјалната веб-страница на украинската влада открива дека 43-годишникот ја презел функцијата во јули 2021 година, а пред да ја започне политичката кариера работел како адвокат.

Би-би-си пишува дека неговата смрт ќе биде голем удар за украинските воени напори бидејќи тој беше истакната фигура во владата на претседателот Володимир Зеленски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  РУСИЈА: Осомничениот за експлозија на автомобилот признал дека соработувал со украинските служби

Се сметаше за еден од симболите на напорите на Украина да се ослободи од руската агресија.

„Службениците и екипите за итни случаи се транспортираат со хеликоптери на мала височина за да се избегнат непријателските проектили. Беше маглив ден и веројатно хеликоптерот летал на мала височина, но во оваа фаза не ја знаеме причината. И во време на војна, не е корисно да се шпекулира“, објави новинарот на Би-Би-Си Џејмс Вотерхаус од теренот.

Заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател Кирил Тимошенко изјави дека украинскиот министер за внатрешни работи бил на пат кон военото „жариште“ кога му се урнал хеликоптерот.

Од него и од другите колеги се прости и функционерот Антон Герашченко.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хакерска група објави податоци за повеќе од 3.200 странски платеници

„Моите пријатели, сите што беа во тој хеликоптер, беа патриоти кои работеа да ја направат Украина посилна. Секогаш ќе те паметиме. Ќе бидат згрижени вашите семејства“, напиша на Твитер Антон Герашченко, советник на загинатиот министер.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.