Кои се најчестите причини за недостаток на се*с?

Сподели со своите пријатели

Сексуалната велнес компанија ЛЕЛО во 2020 година спроведе истражување за сексуалните навики на Британците и ги откри главните причини зошто паровите имаат помалку или воопшто немаат секс, пренесува Метро.

Loading...

Истражувањето покажа дека дури 12 проценти од анкетираните немале никакво сексуално искуство во изминатите три или повеќе години.

Иако панемијата на коронавирусот го намали сексуалниот нагон кај многумина, тоа не е единствениот виновник за недостаток на интимност меѓу паровите.

Младите на возраст меѓу 18 и 24 години се најмногу погодени од чувството на вознемиреност. Скоро 43 проценти од луѓето во оваа возрасна група изјавиле дека страда нивниот сексуален живот, наспроти само 13 проценти над 65 годишна возраст.

 

 

Околу 77 проценти од луѓето признале дека нивниот сексуален живот престанал, иако биле во карантин со партнерот.

Loading...

Овие се најчестите причини за сексуален однос:

Замор

Заморот е фактор што не го уништува само менталното здравје, бидејќи над 35% од луѓето изјавиле дека тоа е главната пречка во нивниот сексуален живот.

Бидејќи границите на работата и домашниот живот стануваат сè потенки во текот на изминатата година, многумина почнаа да се чувствуваат позаморни, со помалку сексуален нагон.

 

 

Ментално здравје

Loading...

Скоро 34 проценти од луѓето рекле дека лошото ментално здравје ги спречува да имаат исполнет сексуален живот. Само стресот придонесува 57 проценти од луѓето да не се расположени за секс.

Негативна слика на телото

Една четвртина од испитаниците изјавиле дека нивната телесна слика и недостаток на самодоверба во нивниот изглед влијаат на нивниот сексуален живот.

Оние помлади од 35 години најверојатно ќе го почувствуваат тоа, бидејќи скоро третина ги забележале тие проблеми.

 

 

Ниско либидо

Loading...

Нема ништо лошо во тоа да има пониско либидо воопшто – сексуалните нагони на сите се различни и веројатно ќе варираат во текот на животот. Сепак, 20 проценти од испитаниците признаваат дека тоа влијаело на нивниот сексуален живот.

Стареење

Како што телото старее, тоа физички ќе се промени, а 18 проценти од луѓето велат дека тоа влијае на нивниот сексуален живот. Мажите доживуваат намалување на тестостеронот, додека жените – менопауза, што влијае на намалување на сексуалниот нагон.

Работа

Работата влегува во домот и личниот живот, а технологијата создава раздор во врската. Кога работниот притисок е висок, тоа влијае на нашата способност да се затвориме и да не се чувствуваме расеано, па затоа страда нашиот сексуален живот.

 

Loading...

 

Менопауза

Менопаузата доаѓа со низа симптоми кои можат да влијаат на расположението, телесните реакции и процесот на возбудување.

Симптомите варираат од личност до личност. Околу 15 проценти од испитаните жени признале дека менопаузата го нарушува нивниот сексуален живот.

Loading...

Leave a Reply