Кои ќе бидат најголемите трендови меѓу родителите оваа година?

Сподели со своите пријатели

Што им носи 2020та на родителите? Ако верувате во предвидувања, грижете се за животната средина и планирајте ја секоја секунда од денот.

Loading...

Истражувањето спроведено од ChannelMum.com меѓу 2.000 родители открило кои би биле најголемите трендови оваа година во родителството, вклучувајќи, меѓу другото, природни бремености и забави кои го слават првиот менструален период на девојчињата.

Трендовите, како што се очекуваше, оставија некои зачудувања, но исто така открија и за што се грижат родителите денес, како што е загадената околина, часовите што ги поминуваат нивните деца на социјалните мрежи и менталното здравје.

Дури 93 проценти од родителите рекле дека ќе станат посвесни на животната средина во следната година и ќе се обидат ова да им го пренесат на своите деца.

„Трендовите кај родителите се диктирани од загриженоста и потребите на најмладите членови на општеството“, рече основачот на ChannelMum.com, Сиобан Фригард, откривајќи сè што е на списокот.

Image by Tony LEBRUN from Pixabay

1. Ефектот на Грета Тунберг

Loading...

Наместо родителите да бидат тие што знаат сè, во 2020 година, фокусот ќе биде на децата кои сè повеќе се активираат за своите права.

Грета Тунберг им покажа на децата за што навистина треба да се грижат, па затоа не е изненадување што најмладите ќе бидат водачите на промените.

2. Семејни игри

Наместо целото семејство да се собира пред ТВ во сабота, семејствата ќе започнат да ги поминуваат вечерите играјќи социјални игри што се враќаат во мода.

3. Природна бременост

Само еден процент од испитаниците велат дека се подготвени да одат на природно породување, што значи минимизирање на прегледите, особено ултразвук и не земање лекови против болки, но ChannelMum.com предвидува дека ова ќе стане почеста појава во следната деценија.

4. Забави кои го слават првиот менструален период

Прославите за првата менструација со години се организираат во разни култури во Шри Ланка, а неодамна станаа почести во Америка и Велика Британија.

Loading...

Родителите сметаат дека е одличен начин да им стават до знаење на своите ќерки дека тоа е нормален феномен од кој не треба да се плашат.

5. Детски градинки на работното место

Работодавците сфаќаат дека помладите луѓе преземаат улоги во раководството во компаниите, така што од нив може да се очекува да размислат за организирање на дневни центри за да им помогнат на мајките и татковците да ги усогласат приватните и деловните одговорности.

Image by vladyslavaprykhodko95 from Pixabay

6. Отфрлање на пластика

Многу родители планираат да бидат повеќе еколошки свесни во новата година, а првиот начин на кој тие мислат да го постигнат тоа е, велат тие, да престанат да користат пластика.

Покрај тоа што почесто купуваат дрвени играчки и почесто бираат облека од втора рака, ќе има и зголемување на интересот за биоразградливи влажни марамчиња и плетени пелени.

Loading...

7. Секојдневните 20

Ова е одлична идеја за сите, не само за родителите. Секојдневните 20 е термин зад кој е одличен начин да се приближите до семејството, пријателите и колегите.

Поентата е да одвоите 20 минути на ден, да ги ставате мобилните телефони и таблетите, да ги исклучите телевизорите и компјутерите, да седите со вашите деца и да разговарате за што сакате или што ве мачи.

8. Терапија за решавање на породилна траума

На мајките кои доживеале траума при раѓање, може да им се помогне со форма на хипнотерапија за време на која тие се доведени во комплетно опуштена состојба и со тоа се надминува траумата.

Овој процес станува сè попопуларен во западните земји.

Loading...

9. Микро планирање

Да им се даде на родителите повеќе време на своите деца и обратно, се очекува тие да се свртат кон микро-планирање.

Целта е да ги наведете сите свои состаноци однапред, така што имате план секоја секунда од денот и да го распределите остатокот од вашето време за семејството и пријателите.

10. Антинаталисти

Можеби звучи страшно, но има луѓе собрани во антинаталистичкото движење. Тие се водени од верувањето дека ќе ја спасат планетата доколку не станат родители.

Loading...

Leave a Reply