Во наредните неколку години вкусот на виното Чианти би можело да се промени поради климатските промени и нивното влијание на квалитетот на земјоделското производство.
Така барем се наведува во анализата напарвена од страна на Националниот совет за истражување во иренца, а која е претставена на 12-от Меѓународен форум Гринкорд.
Осве виното, промени во квалитативните својства поради климатските промени се очекуваати во многу други земјоделски производи, но грозјето, како главна состојка на виното е многу чувствително на факторите како што е висината на тепмературите и врнежите, па поради тоа на него многу може да влијаат климатските промени.
Според наводите на студијата, ситуацијата се уште не е многу драматична, но знаците на предупредување се доволно загрижувачки.
Затоа е бажно усвојување на нови потрошувачки пракси, а тоа е купување што е можно повеќе локално произведени сезонски производи, со што директно ќе се влијае на намалување на јаглеродниот диоксид, како и поттикување и појачување на локалното земјоделие.