Кличко и Попов во втор круг на изборите за градоначалник на Киев

Сподели со своите пријатели

Актуелниот градоначалник на Киев, Виталиј Кличко води на локалните избори со 45,93 отсто од гласовите и во вториот круг ќе се натпреварува со Александар Попов, кандидат на Опозициската платформа за живот, кој освоил 9,62 процента, покажуваат резултатите од излезните анкети.

Loading...

Украинците вчера избираа општински собранија и градоначалници.

За мандати во локалната власт на разни нивоа се бореа 224.000 кандидати, а за градоначалничка функција се натпреваруваа 2.600 кандидати во 324 општини.

Официјалните резултати од гласањето ќе бидат објавени на 6 ноември. Доколку ниту еден од кандидатите за градоначалник на големите општини со над 75.000 жители не освои повеќе од 50 отсто гласови, тогаш вториот круг ќе се одржи на 15 ноември.

Во помалите места, градоначалник се бира со просто мнозинство гласови.

Габриела Точко

Leave a Reply