КК Куманово вечерва го пречекува Кожув

Сподели со своите пријатели

Во спортската сала во Куманово, вечерва со почеток во 19 часот, КК Куманово на домашен терен го пречекува Кожув, со што ќе биде комплетиран вториот круг од натпреварувањата во Супер – лига.

Loading...

Следната седмица Суперлигата продолжува со редовните натпревари, поточно со три дена наменети за домашна кошарка.

Освен вечерашниот натпревар, денес ќе се сретнат и екипите на Работнички и Карпош Соколи. Во моментот, Работнички е на делба на третото место со денешниот противник кој во минатото коло со пресврт славеа против Куманово со 98:95.

Дуелот е закажан за 19 часот во салата „Градски Парк“.

На суперлигашката табела води МЗТ Скопје со 33 бода, два помалку има Фени Индустри. Работнички е трет со 30 бода.

Leave a Reply