Во спортската сала во Куманово, вечерва со почеток во 19 часот, КК Куманово на домашен терен го пречекува Кожув, со што ќе биде комплетиран вториот круг од натпреварувањата во Супер – лига.
Loading...
Следната седмица Суперлигата продолжува со редовните натпревари, поточно со три дена наменети за домашна кошарка.
Освен вечерашниот натпревар, денес ќе се сретнат и екипите на Работнички и Карпош Соколи. Во моментот, Работнички е на делба на третото место со денешниот противник кој во минатото коло со пресврт славеа против Куманово со 98:95.
Дуелот е закажан за 19 часот во салата „Градски Парк“.
На суперлигашката табела води МЗТ Скопје со 33 бода, два помалку има Фени Индустри. Работнички е трет со 30 бода.