КК Куманово утре ја започнува новата сезона

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утре на домашен терен ја започнуваат новата сезона, а за прв противник ќе го имаат составот на Чаир кој ќе дебитира во Првата лига.

Loading...

По минатогодишната тешка сезона во која тимот се бореше за опстанок во елитата, оваа година со изменет состав и со акцент на младите кумановски играчи тргнува во нови походи.

Од минатогодишниот состав останаа Ненад Зивчевиќ и Душан Јузбашиќ, на кои оваа година ќе им се приклучи Марјан Јанески, кој по неколку сезони повторно се враќа во дресот на Куманово.

Двете поголеми засилувања од регионот Јан Ризман и Амар Мехиќ исто така ќе бидат моторот на клубот, со Американецот Метју Кели и првиот кинез во македонскиот баскет, Какаи Сун.

Тимот оваа година ќе се потпира и на младите кумановски играчи Ѓорѓи Георгиевски, Милош Јовановиќ, Богдан Стошиќ, Јован Стошиќ, Андреј Димковски, Лука Димитриевски и Александар Спасовски.

Раководството останува исто, под тренерска палка на Владимир Мирковски, чиј заменик ќе биде неговиот претходник Игор Ѓорѓиевски, додека спортски директор и годинава е Дарко Спејко.

Првиот натпревар сезонава кумановци го стартуваат утре во 14:00 часот во спортската сала на СОУ „Перо Наков“, а влезот е слободен.

Никола Ивановски

Loading...