Кошаркарите на Куманово остварија историска победа на вечерашното гостување против Работнички (78-77) во Градски парк“ во првиот полуфинален меч од плејофот, со која поведоа со 1-0 во серијата која се игра до две победи и која може да ја заокружат задутре, на домашен терен, каде што со триумф ќе дојдат до историско финале.
Со тројката на Бранислав Џекиќ на 3-секунди на крајот, екипата на Куманово го победи Работнички со 78:77 во првиот полуфинален меч од плеј-офот на кошаркарскиот шампионат на Македонија.
Костоски со 26 поени беше херој во таборот на Куманово, стрелецот на победничкиот кош Ѓекиќ застана на 11 поени додека Караџовски беше стрелец на 10 поени. Чековски со 19 поени и девет скока беше најдобар кај поразените, сѐ до моментот во последната минута, грешка на која можеби кумуваше и фактот што беше „заборавен“ на клупата во четвртиот дле од играта. Гечевски постигна 17, а Павковиќ 13 поени.
Извор: Спортмедиа.мк
Фото: Спортмедиа.мк