Домашните кошаркари остануваат цела година без победа во Првата лига. Против Куманово, екипата на Ангели имаше сили за некои 17.минути од последниот меч за двете екипи во оваа календарска година.
Ангели – Куманово 2009 76:104
Домаќините, без ниту еден странец во екипата, им парираа на кумановци до три минути пред крајот на првото полувреме кога А. Наумоски постигна тројка, и намали на (37:39).
До истекот на 20.минути, Куманово 2009 направи серија (14-2) со која се одвои на двоцифрена плус (53:39).
Во продолжението на играта дилеми повеќе немаше. Подобрата, поискусната екипа знаеше не само да ја задржи таа предност, туку и да ја донесе до уште повисоки (84:60) како што беше на крајот на третата четвртина.
Онаа последната беше само обична формалност.
Целата прва петорка на гостите, освен. Ѓукановиќ стигна до двоен број на поени. Но најмногу 20, имаше „резервистот“ Мексвејн. Двоен број од играчит еод клупата имаше и лаловиќ-14.
Кај Ангели за кои ова беше и 12. пораз во серија откако се во Првата лига, Атанасов уфрли 21. поен, Прентовиќ имаше 13, а по десет реализираа Деолски и Л. Наумовски.