КК Куманово лесно до победа против Кожув

Сподели со своите пријатели

По разочарувањето на натпреварот со Карпош Соколи, вечерва на третиот натпревар во кошаркарската Супер – лига, екипата на КК Куманово оствари убедлива победа над Кожув, со резултат 82:67.

Loading...

Кумановчани на домашен терен, со резултат 20:21 во првата четвртина, поведоа во првото полувреме со 50:28, и останаа со убедливо водство и во третата четвртина со резултат 65:48.

Урош Луковиќ реализираше 16 поени со 11 скокови и три блокади, по 16 поени постигнаа и Аврамовиќ и Мандиќ, додека најефикасни кај Кожув беа Брчков и Нешовиќ со по 13 поени.


Leave a Reply