КК Куманово го ”прегази” шампионот МЗТ

Сподели со своите пријатели

Кумановските кошаркари вечерва му одржа лекција на актуелниот македонски првак МЗТ Скопје, совладувајќи го на домашен терен со резултат 99-90 во рамки на натпреварувањата од третото коло на македонската кошаркарска Супер – лига.

Loading...

Иако МЗТ одлично ја почна првата четвртина, сепак, со две серии, Куманово прво успеа да израмни, а откако направи 9-0 во последните 100 секунди, второто полувреме заврши со  54-45.

11123613_10204379498584458_1163679187_n

Куманово во втората минута од второто полувреме ги достигна највисоките 12 поени предност (59-47), кога МЗТ Скопје започна со своја серија.

На две минути пред крајот на третата четвртина, резултатот повторно беше израмнет (67-67), но Куманово на крајот од периодот, сепак, имаше предност од два коша разлика.

КК Куманово успеја да држи разлика од два до четири поени и во последната четвртина, при што МЗТ не успеа да го погоди кошот на кумановци цели три минути. Таквата слаба игра на МЗТ беше искористена од КК Куманово, при што домашните постигнаа пет поени разлика и така ја запечатија вечерашната победа.

Најефикасен од КК Куманово беше Луковиќ со 20 поени, а Јанески и Костоски додадоа по 18.  Кај МЗТ Скопје, најефикасен беше Чапин со 22 и Самарџиски со 21 поен.

Leave a Reply