Неверојатната сцена ја снимил Австралиецот Мартин Милер додека пловел со кајак во близина на градот Маунт Иса во Квинсленд, а фотографиите беа објавени на Фејсбук страницата на GG Wildlife Rescue Inc.
Имено, тој го овековечил моментот кога маслиновиот питон, втората по големина змија во Австралија, проголта крокодил.
Иако многумина сметаа дека крокодилот победил во оваа борба, змијата сепак беше посилна.
Сепак, едно за многумина остана нејасно.
– Единствено прашање ми е како по ѓаволите може некој нормално да вози кајак на место каде што змија проголта цел крокодил? Дефинитивно е на мојата листа на топ 10 начини на кои не сакам да умрам – се запраша еден корисник на Фејсбук и заработи многу лајкови со своето прашање.