Ќе важат ли старите лични карти и по 12ти февруари?

Сподели со своите пријатели

Личните карти чиј рок не е истечен ќе продолжат да важат и по 12ти февруари 2024 година, потврди денеска Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Оттаму велат дека законот за лични карти не е изменет, па така старите лични карти кои не се истечени ќе важат.

– За таа цел, ги информираме граѓаните на Република Северна Македонија, дека ЛИЧНИТЕ КАРТИ со називот на државата „РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ кои имаат важност, односно чиј рок не е истечен, продолжуваат ДА ВАЖАТ и по 12 февруари 2024 година, стои во соопштението на МВР.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Плагијатите што ги прават се потврда дека ЗНАМ нуди вистински решенија за состојбите во Македонија