Ќе се воведе едномесечен зелен картон по цена од 30 до 50 евра

Сподели со своите пријатели

Владата подготвува одредени измени во постоечката законска регулатива во однос на зелените картони и размислува покрај едногодишниот да се водведе и едномесечен зелен картон, најави премиерот Никола Груевски.

Loading...

– Сега зелените картони секој може да ги добие за една година, не може за пократко. За возила до 66 киловати чинат околу 60 евра, а 90 евра за над киловати. Се размислува покрај едногодишниот, да се воведе едномесечен зелен картон за оние што сакаат таа опција да ја одберат – соопшти Груевски.

Тој посочи дека за оние што поретко патуваат зелениот картон најчесто им треба само за годишен одмор во странство.

– Се размислува за оние луѓе кои не излегуваат често од државата, односно патуваат еднаш во годината, еднаш или неколку пати во еден месец за годишен одмор или слично да се воведе и едномесечен зелен картон кој би чинел 30 евра за оние што имаат патнички возила до 66 киловати, а 50 евра за оние со над 66 киловати – рече Груевски.

Со тоа, како што нагласи, ќе се воведе можноста да си одберат дали сакаат да имаат годишен или едномесечен зелен карон.