Ќе се штрајкува и во кумановските училишта

Сподели со своите пријатели

Сите основни и средни училишта на подрачјето на Општина Куманово доставиле известување дека утре ќе се приклучат на штрајкот кој го организира СОНК, а со кој бараат зголемување на платите на вработените во воспитно-образовниот процес.

Loading...

Од Секторот за образование при Општина Куманово за Кумановски Муабети велат дека добиле известување од сите училишта дека ќе се организира штрајк.

Оттаму додаваат дека нема точна бројка колку наставници ќе се приклучат на штрајкот, а како истиот ќе се одвива ќе видат утре.

На прашањето дали децата да доаѓаат на училиште, оттаму ни одговорија дека СОНК ќе даде соопштение за начинот на кој ќе се штрајкува.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во кумановската касарна одбележан денот на Командата за операции (ФОТО)

Се обидовме да стапиме во контакт со директори не неколку средни училишта во Куманово, но никој не одговори на нашите повици за да даде појаснување дали учениците воопшто утре да се појавуваат во училишните клупи.

СОНК, кој го организира штрајкот, вели дека утре вработените во наставно-образовниот процес ќе бидат во посебни простории во училиштата и градинките и нема да ја извршуваат својата работна дејност.

– СОНК нема да ги затвори школите и градинките, нема да изведува воспитна дејност, а одговорноста за организацијата и згрижувањето на децата ја има директорот. Никој нема право да го присилува штрајкувачите да воспитуват деца. Ќе бидат одложени некои активности кои го меѓувреме биле закажани, како наставнички совети, полагање испити, домашни регионални, градски натпревари и се што е поврзано со штрајкувачите“,

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во кумановската касарна ќе се одбележи денот на Командата за операции

Министерството за образование и наука пак вели дека училиштата ќе примаат ученици и ќе се организира воспитно – образовен процес бидејќи согласно законските регулативи, воспитно – образовната работа може да се прекине само во вонредни околности како кризна состојба, епидемија, пожари, поплави и природни непогоди за што одлучува Владата.

Loading...

– Училишните раководства имаат законска должност да го организираат воспитно – образовниот процес и да овозможат продолжување на континуитетот на следење на настава во училниците, кој беше воспоставен откако по година и половина едукација на учениците во вонредни околности и услови на пандемија, тие повторно се вратија во училишните клупи, каде што впрочем им е местото“, стои во соопштението на МОН.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец баран за издржување затворска казна

Никола Ивановски